fbpx

Давос: Зеленски се сретна со Столтенберг, Фон дер Лајен повика да продолжи поддршката за Украина

Зеленски го информирал Столтенберг за масовните руски напади врз Украина и ја нагласил важноста од зајакнување на украинската воздушна одбрана

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Давос, Швајцарија, на маргините на Светскиот економски форум. Зеленски го информирал Столтенберг за масовните руски напади врз Украина и ја нагласил важноста од зајакнување на украинската воздушна одбрана, објави Укринформ.

На средбата Зеленски се заблагодарил за цврстата поддршка на НАТО во заштитата од руската инвазија.

Според прес-службата на украинскиот претседател, двајцата ја истакнале важноста од потпишувањето на билатерален договор за безбедносна соработка меѓу Украина и Обединетото Кралство како дел од Заедничката декларација на земјите од Г7 за поддршка на Украина, усвоена на претходниот самит на НАТО во Вилнус.

Во меѓувреме, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Давос рече дека Европа треба да продолжи да го поддржува Кијив, наведувајќи ја потребата од „предвидливо“ финансирање, пренесува Гардијан.

„Ним им треба одржливо снабдување со оружје за да ја одбранат Украина и да ја вратат нејзината законска територија. Им требаат капацитети за да ги одбранат идните напади од Русија. Им треба и надеж. Тие треба да знаат дека со својата борба ќе заработат подобра иднина за своите деца. А подобрата иднина на Украина се вика Европа“, изјави Фон дер Лајен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Раперот Шон „Диди“ Комбс се извини за физичкиот напад врз Кеси Вентура

„Пи Дидди“ се извини за физичкиот напад врз Кеси Вентура по долгогодишно негирање на обвиненијата. Извинувањето следува откако Си-ен-ен објави видео од камерите низ ходникот на хотелот „Интерконтинентал“ во...