fbpx

Зголемен бројот на магистри и на специјалисти

-

Минатата година за 31,8 отсто се зголемил бројот на лицата што станеле магистри или стекнале звање специјалист, соопшти Државниот завод за статистика.

„Во 2014 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 2.194 лица, од кои 2.038, или 92,9 проценти, се магистри и 156, или 7,1 отсто, се специјалисти. Бројот на магистри и на специјалисти, во споредба со 2013 годинa, е зголемен за 31,8 проценти“, стои во соопштението.

Според статистичките податоци, 58,5 отсто од лицата што стекнале научен степен магистер на науки се жени. Најголем број од магистерските трудови, 1.400 или 68,7 проценти, се од областа на општествените науки, 15,2 отсто се од областа на техничко-технолошките науки, а другите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и на медицинските науки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...