fbpx

Ноќеска поевтинуваат горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар

-

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1 отсто во однос на одлуката од 10 ноември.

Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 80 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 82 денари, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе чини 77,5 денари за литар, а масло за горење Екстра лесно 1 ќе се продава по цена од 76,5 денари за литар. Килограм мазут ќе чини 43,3 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...