fbpx

Во пожар во рудник во Казахстан загинаа повеќе од 20 луѓе

Ова е вториот фатален инцидент оваа година во рудник во Казахстан во сопственост Арселор Митал, мултинационалната компанија за производство на челик

-

Пожарот кој изби во рудникот во Казахстан остави најмалку 21 загинато лице. Од вкупно 252 работници кој работеле во рудникот, 23 се водат како исчезнати, а 18 се во болница, известува Би-би-си.

Рудникот е во сопственост на мултинационалната фирма за производство на челик Арселор Митал. Пожарот изби на истиот ден кога претседателот на Казахстан Касим Комарт Токајев побара да се прекинe со инвестирање во фirмата, со крајна цел да се национализира.

Ова е вториот фатален инцидент на место оперирано од Арселор Митал. Во август, четворица рудари умреа во пожар кој изби на друг рудник. А во ноември 2022, петмина умреле по истекување на гас, повторно во рудник опериран од истата компанија.

Големиот број на инциденти е токму една од причините зошто казахстанската влада сакала да се национализира компанијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори од Гир, Вархеји, Пленковиќ и Лосон

Честитки за победата на претседателските избори доби денеска Гордана Сиљановска-Давкова. Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честиташе победата. „Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на...