fbpx

На ГП „Богородица“ запленети четири златни алки вредни речиси 10.000 евра

Накитот бил пронајден во женска чанта при детална контрола на патничко возило на граничен премин Богородица на влез во државата, соопшти Царинската управа

-

Запленети се четири златни алки вредни 586.224 денари со вкупна тежина од 77,5 грама, откако истите се пронајдени во женска чанта при детална контрола на патничко возило на граничен премин Богородица на влез во државата, соопшти Царинската управа.

Патничката која патувала како совозач не ги пријавила алките кај царинските органи.

„Имено таа заедно со возачот и уште четири лица на влез во државата на прашањето дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо“, велат од Царинската управа.

Против лицето е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ казниво по член 278 од Кривичниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатни работилници за филм наменети за млади од 15 до 25 години

На 10 креативни работилници, млади таленти од Западен Балкан ќе имаат можиност да ги развиваат и снимаат своите први кратки или долгометражни филмови. Во тек е повикот за првата...