fbpx

МВР со дисциплинска одговорност за вработениот кој дава поддршка на Хамас

Претходно, поранешниот технички министер за внатрешни работи и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев објави дека висок началник во Министерството за внатрешни работи дава јавна поддршка на нападите на Хамас врз Израел

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека против неговиот вработен А.С. ќе биде поведена дисциплинска постапка, односно ќе следуваат соодветни санкции поради неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел. Претходно, поранешниот технички министер за внатрешни работи и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев објави дека висок началник во Министерството за внатрешни работи дава јавна поддршка на нападите на Хамас врз Израел.

„Станува збор за Аднан Синани, началник во Одделот обезбедување во Министерството за внатрешни работи и лице кое работи како лично обезбедување на Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши. Работа која вклучува ВИП обезбедување, учество во домашни и странски делегации и присуство на меѓународни настани. Претходно, на социјалните мрежи тој имаше јавен пост во кој има недвосмислени елементи на говор на омраза што е кривично дело предвидено во Кривичниот закон“, напиша Наќе Чулев на Фејсбук.

Тој го постави прашањето дали безбедносните проверки за ова лице се направени стручно и професионално со оглед на високиот безбедносен ризик при обезбедување на домашни и странски ВИП личности и делегации.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел и против него ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции“, се вели во денешната реакција на МВР.

Од МВР велат дека нивниот став е јасен и прецизен. Силно ги осудуваат нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираат со израелскиот народ.

„Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир“, се вели во соопштението на МВР.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Слухот вратен на глуво едногодишно девојче со помош на пионерска генетска терапија

Слухот му беше вратен на дете од Британија, со помош на генетската терапија. Малата Оупал Сенди била дел од клиничко испитување и е првиот човек чиј слух бил вратен...