fbpx

МНР: Седуммина македонски државјани се во Витлеем, кој не е погоден од нападите во Израел

Премиерот Бенјамин Нетанјаху, рече дека Израел е во војна откако милитантите од Газа извршија ненадеен напад во саботата, истрелувајќи илјадници ракети и навлегувајќи во Израел по копно, море и воздух

-

Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи информира дека седуммина граѓани на С. Македонија во моментов се во државата, но не се наоѓаат во загрозените подрачја.

„МНР ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. Според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, Израел, седум државјани на Република Северна Македонија се наоѓаат во градот Виетлем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања“, информираат оттаму.

За повеќе информации, во МНР велат дека на располагање се СОС дежурниот телефон 075273732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378

Премиерот Бенјамин Нетанјаху, рече дека Израел е во војна откако милитантите од Газа извршија ненадеен напад во саботата, истрелувајќи илјадници ракети и навлегувајќи во Израел по копно, море и воздух. Како што пренесува Си-Ен-Ен, во нападите најмалку 40 лица загинаа, а речиси 800 се ранети во Израел.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во Газа, најмалку 198 палестинци биле убиени во саботата, а 1.610 повредени. Израел започна воздушни напади врз Газа како одговор на нападот, бидејќи Нетанјаху вети дека „ќе бара огромна цена од непријателот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В сабота концерт на Дино Имери на „Школка“

Несекојдневен музички настан организира Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, кој ќе се случи на 11 мај (сабота) со почеток во 12 часот. Во Градскиот парк,...