Дваесет и двајца загинати, од кои 20 се странски туристи, е последниот биланс од вчерашниот напад во народниот музеј „Бордо“ во Тунис, соопшти туниското МНР.
Тунискиот претседател Каид Есеби вети немилосрдна „војна против тероризмот“.
– Сакам луѓето во Тунис да сфатат дека сме во војната против тероризмот и оти дивјачкото малцинство не нè плаши. Ќе се бориме против нив, без милост, до последен здив – рече тунискиот претседател во краткиот коментар.
Државната телевизија јави дека 50 лица се повредени при нападот.
Полицијата трага по три лица осомничени дека се побрзани со нападот во музејот Бордо.