fbpx

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше ООН со Орден на Република Северна Македонија

На средбата беа разменети мислења и информации за текот на нашите евроинтеграции, за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот, како и за руската воена агресија врз Украина

-

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации (ООН) со Орден на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес и за непроценливиот придонес за обновата на градот Скопје, којшто прерасна во град на солидарноста и вистински симбол на пријателството меѓу народите.

Претседателот Пендаровски притоа оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на која се разговараше за севкупните активности на Република Северна Македонија во рамки на Обединетите Нации, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните предизвици.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за посветеноста на ОН во нашата земја и изрази очекување соработката во иднина да продолжи со зголемен интензитет. Тој нагласи дека континуираниот ангажман на ОН во Северна Македонија придонесува за зајакнување на капацитетот на земјата во клучните сектори за развој на македонското општество.

На средбата беа разменети мислења и информации за текот на нашите евроинтеграции, за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот, како и за руската воена агресија врз Украина. Претседателот Пендаровски ја истакна нашата силна заложба и посветеност за јакнење на улогата на ОН во справувањето со глобалните предизвици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Слухот вратен на глуво едногодишно девојче со помош на пионерска генетска терапија

Слухот му беше вратен на дете од Британија, со помош на генетската терапија. Малата Оупал Сенди била дел од клиничко испитување и е првиот човек чиј слух бил вратен...