вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: одликување | 15 резултати

Вучиќ демантира: Уште не сум добил орден од Путин

октомври 31, 2018

Два дена откако голем број српски медиуми блиски до актуелната власт објавија помпезно дека рускиот претседател Владимир Путин го одликувал својот српски колега Александар Вучиќ со орденот „Свети Александар Невски“, кој не бил доделен на ниту еден друг српски државник по Никола Пашиќ, се дозна дека тоа не е вистина. Имено, рускиот претседател на потпишал […]

Франција ќе ја одликува директорката на Академијата за судии и јавни обвинители

мај 19, 2017

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, во име на претседателот на Република Франција, в понеделник ќе ја одликува директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска со орден Витез на Националниот ред за заслуги, соопштија денеска од француската амбасада. „Како директор на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓата Арнаудовска постојано се […]

Иванов на Дурловски му го врачи орденот за заслуги на МОБ

мај 9, 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска, по повод 9 Мај – Денот на Европа и на победата над фашизмот, со одрен за заслуги ја одликуваше Македонската опера и балет. Доделувањето на орденот се одржа во резиденцијата на претседателот на Водно, а одликувањето го прими директорот на МОБ, Игор Дурловски. – Овој орден е признание за […]

Иванов ќе добие руска награда за придонес во православието

април 25, 2017

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е одликуван со наградата „Неговата светост патријарх московски и на цела Русија, Алексеј Втори“ за 2016 година, што во мај, на свечена церемонија во Москва, ќе му биде врачена од патријархот на Руската православна црква, г.г. Кирил, соопшти кабинетот на претседателот Иванов. Наградата ја доделува Меѓународната општествена фондација за […]

Писателот Луан Старова одликуван со францускиот орден „Офицер на Легијата на честа“

април 12, 2017

Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Tимоние, во име на претседателот на Франција, го одликува писателот Луан Старова со орден „Офицер од редот на Легијата на честа“. Академик и писател, универзитетски професор по француска и компаративна книжевност и прв амбасадор на Република Македонија во Париз, Луан Старова го добива ова значајно француско одликување за неговиот голем […]

Франција ќе ја одликува Илинка Митрева

април 3, 2017

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Tимоние, во име на претседателот на Република Франција, Франсоа Оланд, ќе ја одликува професорката по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и поранешна министерка за надворешни работи на земјава, Илинка Митрева, со орден „Офицер на Националниот ред за заслуги“. „Госпоѓата Илинка Митрева, професор по француска книжевност на Филолошкиот […]

Теута Арифи ќе го добие францускиот орден „Офицер на Националниот ред за заслуги“

март 28, 2017

Теута Арифи, актуелна градоначалничка на Тетово и поранешна вицепремиерка за евроинтеграции, ќе биде одликувана со орден „Офицер на Националниот ред за заслуги“, кој во име на францускиот претседател  ќе ѝ го додели амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние. Како што соопшти француската амбасада, Арифи го добива ова важно француско одликување „за своите особени заслуги за […]

Иванов со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање

март 24, 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање (АР), соопштуваат во кабинетот на Иванов. Свеченоста по повод одликувањето е закажана за вечерва во Македонскиот народен театар (МНТ).­ Од кабинетот на претседателот соопштуваат дека Агенцијата за разузнавање се одликува по повод 20 години од основањето, а особено за нејзината дејност, како […]

Денеска се одбележува Денот на АРМ

август 18, 2016

Денеска на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија ќе се одржи централната свеченост за одбележување на Денот на АРМ. На свеченоста свои обраќања ќе имаат претседателот на државата и врховен командант Ѓорге Иванов и Министерот за одбрана Зоран Јолевски. Иванов, како што соопштија од неговиот кабинет, по повод Денот […]

Иванов ќе ги одликува Инженерискиот и Баталјонот на воената полиција на АРМ

август 17, 2016

Претседателот на државата Ѓорге Иванов утре, по повод Денот на Армијата на Република Македонија, со „Орден за воени заслуги“ ќе ги одликува Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон при АРМ, соопштија денеска од кабинетот на Иванов. „’Орденот за воени заслуги’ на двата баталјони на Армијата на Република Македонија им се доделува за исклучителен придонес […]

Ванхауте вечерва ќе добие одликување „Офицер во кралскиот ред“

март 22, 2016

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска од амбасадорката на Кралството Белгија, Аник ван Калстер, ќе добие одликување „Офицер во кралскиот ред“. Церемонијата ќе се одржи вечерва, во 18.30 часот, во хотелот „Арка“. Олеснувачот Ванхауте во Македонија учествуваше во преговорите по црниот понеделник и кризата по 24 декември 2012 година, а ги предводеше и работните групи за спроведување на […]

Страна 1 од 1