fbpx

Османи со писмо до пратениците: Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина

„Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех“, им порача Османи на пратениците

-

Во пресрет на утрешната дискусија за усвојувањето на уставните измени со кои треба Бугарите да се внесат во Уставот како дел од евроинтегративниот процес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку писмо им порача на пратениците дека европската иднина на државата зависи од нивните одлуки.

„Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите Влади во изминатите 30 години. Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на „пасошизација“ на граѓаните кои бараат европска иднина за себе. Верувам и знам дека секој од вас сака да бидеме членка на Унијата составена од најдемократски и најбогати земји во светот која гарантира мир, демократски развој и економски просперитет“, истакна Османи во писмото.

Фото: Исечок од писмото од Бујар Османи до пратениците

Тој, исто така, порача дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се зачувани.

„Во процесот на преговорите имавме за цел да го зачуваме и зајакнеме македонскиот јазик и македонскиот национален идентитет. Одговорно тврдам дека во тоа успеавме“, напиша Османи и изрази разбирање за постоечките стравови од понатамошни нови обиди за негирање и наметнување нови билатерални услови.

„Јас ги разбирам сите оние што стравуваат од можностите за натамошни обиди за негирање и наметнување нови билатерални услови. Најодговорно тврдам дека историските и идентитетските прашања не се дел од патоказите и одредниците од кои зависи отворањето и затворањето на поглавјата“, наведено е во писмото на Османи.

Пленарната седница на Собранието за предложените уставни измени со кои, меѓу останатите, треба да се внесат Бугарите во македонскиот Устав, како дел од евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија почнува утре. А, за усвојување на измените владеачката коалиција СДСМ и ДУИ ќе треба да обезбеди двотретинско мнозинство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...