fbpx

Напад со дронови во Москва, Русија тврди дека се украински

Руската државна новинска агенција Тас објави дека едно беспилотно летало паднало во близина на Министерството за одбрана

-

Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот со беспилотни летали што рано утрово оштетија најмалку две згради во главниот град Москва.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека два дрона биле „потиснати и урнати“, додавајќи оти нема жртви, пишува Би-би-си.

Руската државна новинска агенција Тас објави дека едно беспилотно летало паднало во близина на Министерството за одбрана.

Во друг настан, пак, како што пишува Би-би-си, официјални лица инсталирани од Русија наредиле евакуација на област во Крим – украинскиот јужен полуостров анектиран од Москва во 2014 година – по пријавен напад со украински беспилотни летала во текот на ноќта.

Регионалниот шеф назначен од Кремљ, Сергеј Аксенов, рече дека е погодено складиште со муниција во северната област Џанкој, а на жителите на околните села им било кажано да ги напуштат домовите.

Во меѓувреме, во руски напад со беспилотно летало врз украинското пристаниште Одеса што се случил во текот на ноќта, уништено е складиште за жито, при што се повредени четворица вработени, пренесе Ројтерс повикувајќи се на украинската Јужна воена команда.

Откако се повлече од историскиот договор за извоз на жито минатата недела, Русија постојано го напаѓа регионот Одеса, каде што се наоѓаат главните пристаништа на Украина во Црното Море.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...