fbpx

Цариниците на „Богородица“ спречиле увоз на боци фреон

Прометот на средства за ладење во цилиндри за еднократна употреба е забранет заради заштита на животот и здравјето на луѓето и на животната средина, информираат од Царинската управа

-

Царински службеници на граничниот премин „Богородица“ спречија недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз, соопштија од Царинската управа. Боците биле откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г.

„При царинска контрола на возилото беа пронајдени 1.150 боци со неколку типа на фреон со вкупна тежина од над 13,5 тони. Прометот на средства за ладење во цилиндри за еднократна употреба е забранет заради заштита на животот и здравјето на луѓето и на животната средина, како и заради елиминирање на истекувањата на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка“, информираат од Царина.

Оттаму додаваат дека стоката е привремено задржана, а за едно физичко и едно правно лице се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство, за кривично дело Недозволена трговија, казниво според Кривичниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...