fbpx

Честитки од Пендаровски и Ковачевски за Курбан бајрам

По повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, упатија честитка до сите граѓани од исламска вероисповед

-

По повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, упатија честитка до сите граѓани од исламска вероисповед.

„Ви посакувам празничните денови да ги поминете во слога, хармонија и благосостојба помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и разбирање. Курбан бајрам, празникот кој се темели на солидарноста и дарежливоста, нека биде поттик на сите граѓани за заедничко надминување на предизвици во нашето мултиетничко општество. Во духот на празникот Курбан бајрам, да продолжиме да ја градиме нашата држава на темелите на разбирањето, соживотот и грижата за другиот“, наведено е во честитката од претседателот.

Честитка е упатена и до поглаварот на Исламскатa верска заедница (ИВЗ), реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, на членовите на ријасетот и на муфтиствата.

„Одбележувањето на овој празник кој е симбол на солидарноста и благосостојбата е во духот на нашиот вековен соживот кој го градиме со генерации. Празникот Курбан Бајрам сите нас нè потсетува на значењето и големината на споделувањето, љубовта кон блискиот и взаемната почит“, се вели во честитката на премиерот Ковачевски.

Во неа се потенцира дека „само заедно и сплотени, можеме да го совладаме секој предизвик и да продолжиме да го негуваме и чуваме нашето општество како едно општество за сите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...