fbpx

Резолуцијата усвоена од германскиот парламент ги скара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Бундестагот со мнозинство гласови на пратениците од владејачките партии – Социјалдемократите, Либералите и Зелените на 15 јуни ја изгласа резолуцијата со која се дава поддршка на македонскиот идентитет, јазик и култура на патот на земјава кон членство во Европската Унија

-

Резолуцијата на германскиот парламент за поддршка на Северна Македонија на патот кон ЕУ ги испорака политичките партии. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваат за тоа дали нејзиното усвојување е државнички успех или пак во минатото имало поцврста резолуција.

„Резолуцијата на германскиот Бундестаг за македонската иднина во ЕУ и признание на македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност е уште еден државнички успех на СДСМ и парламентарното мнозинство. Благодарение на нашите државнички политики како никогаш претходно имаме силна меѓународна поддршка изразена преку конкретни документи и решенија“, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Костовски денеска додаде дека Резолуцијата усвоена во германскиот Бундестаг потврдила оти Мицкоски и ДПМНЕ не направиле ништо ниту за државата ниту за македонскиот јазик и идентитет.

„Мицкоски и неговата партија не лобираа кај свои сестрински партии, кои гласаат против усвојување на оваа важна Резолуцијата. Очигледно е дека Мицкоски не може да издејствува ништо. Тој не може да убеди сестрински партии да гласаат за Резолуција а не па да обезбеди нов договор, ниту нешто повеќе“, изјави пратеникот Костовски.

Тој додаде дека следен на потег е Христијан Мицкоски за дијалогот да може да продолжи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека во времето кога тие биле на власт, во Германија се донела поцврста резолуција за Македонија. Резолуцијата не доби поддршка од опозициските партии во германскиот парламент, вклучително и конзервативната ЦДУ/ЦСУ, која идеолошки е сестрински партија на ВМРО-ДПМНЕ.

„На предлог на ЦДУ во минатото имаше многу поцврста резолуција која посилно ги брани македонските идентитетски одредници. Сакам да ве потсетам и дека кога Германија претседаваше со ЕУ, во времето кога канцелар беше Ангела Меркел и кога ЦДУ беше владејачка партија, стигна предлог во кој ниту билатералниот договор беше во преговарачката рамка ниту, пак, се отвораше прашањето за македонскиот јазик, а што се однесува до историјата и останатите идентитетски одредници не се ни споменуваа“, изјави Мицкоски.

Бундестагот со мнозинство гласови на пратениците од владејачките партии – Социјалдемократите, Либералите и Зелените на 15 јуни ја изгласа резолуцијата со која се дава поддршка на македонскиот идентитет, јазик и култура на патот на земјава кон членство во Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Слухот вратен на глуво едногодишно девојче со помош на пионерска генетска терапија

Слухот му беше вратен на дете од Британија, со помош на генетската терапија. Малата Оупал Сенди била дел од клиничко испитување и е првиот човек чиј слух бил вратен...