fbpx

Зоран Трифуновски доаѓа на местото в.д. директор на ЈП за железничка инфраструктура

Трифуновски доаѓа на местото на досегашниот директор Хари Локвенец, кој вчера изјави дека поднел оставка од функцијата

-

Зоран Трифуновски е нов в. д. директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ – Скопје“, одлучи Владата на вчерашната седница.

Трифуновски доаѓа на местото на досегашниот директор Хари Локвенец, кој вчера изјави дека поднел оставка од функцијата. Причините за оставката, како што изјавил Локвенец за МИА, ја поднел од лични причини.

„Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на ЈП за железничка инфраструктура ‘Железници на РСМ – Скопје’, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор, на негово барање“, гласи вчерашната одлука на Владата.

Хари Локвенец беше на директорската позиција на ова јавно претпријатие од ноември 2020 година, а претходно беше пратеник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...