вторник, 12 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈП Македонски железници Инфраструктура | 10 резултати

Со брзина на полжав: 5 години се ремонтираат 31 км. од пругата кај Неготино од Коридорот 10

март 20, 2019

Наместо да сообраќаат со брзина од 120 километри на час, веќе петта година по ред возовите на пругата од Ногаевци до Неготино се движат со намалена брзина поради недовршената реконструкција на железничкиот Коридор 10 со должина од 31 километар. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во декември 2013 година го означи почетокот на […]

Вработувањата во железницата се неопходни, празните места ќе се пополнат по изборите

март 15, 2019

Огласи за вработување на над 200 лица беа објавени од двете железнички претпријатија во изминативе шест месеци. И покрај тоа што се натрупани во долгови, на двете компании за железнички транспорт и инфраструктура им се неопходни нови работници. Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета“ велат дека пензионирањето на поголем број вработени довело до […]

Владата подготвува влез на приватен капитал во железничкиот сектор

март 13, 2019

Македонската влада се подготвува за влез на приватен капитал во железничкиот сектор. Избрана е консултантска куќа која што до крајот на 2019 година ќе ги определи моделите за преструктурирање на Железници на Република Северна Македонија – Транспорт, по што ќе се избере најсоодветниот начин за либерализација на железничкиот сектор во земјава. Од Министерството за транспорт […]

Анѓушев: Изградени се околу 42 отсто од првата делница на пругата кон Бугарија

март 3, 2019

Најдоцна до средината на 2020 година ќе биде завршена изградбата на железничката линија од Куманово до Бељаковце. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски железници – Инфраструктура Ирфан Асани, извршија увид во реализацијата на првата фаза од пругата кон Бугарија. – За оваа […]

Возот од Битола кон Грција ќе може да тргне напролет

февруари 28, 2019

Приближно 95% од градежните работи за изградба на пругата од Битола до Кременица на македонско – грчката граница се завршени. Во претстојните месеци треба да се изведат завршните работи за инсталација на опремата за сигнализација и телекомуникација, пристапните патишта и приклучувањето на железничките објекти на електрична енергија, водоводна и канализациона мрежа. „Завршување и комплетирање на […]

МЖ: Исклучени патните премини на пругата Ѓорче Петров – Јагуновце поради кражби

април 13, 2017

Јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“ од вчера ги исклучило од редовна работа патните премини на пругата Ѓорче Петров – Кичево, помеѓу станиците Ѓорче Петров и Јагуновце, поради зачестени кражби на делови од системот за обезбедување на премините. Од „МЖ – Инфраструктура“ велат дека зачестените кражби на витални делови од системот за осигурување на патните […]

Страна 1 од 1