fbpx

Шекеринска разговараше со државниот секретар за европски прашања на Португалија

-

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска се сретнала со Бруно Мачес, државен секретар за европски прашања на Португалија.

Како што информираат од опозицискиот СДСМ, тема на средбата била сериозната политичка криза во Македонија и можните излезни решенија и последиците од недемократските состојби во земјава врз евроинтеграциите.

Шекеринска рекла дека доказите што ги презентира СДСМ на јавноста само ги потврдуваат критичните точки нотирани и во Извештајот на ОБСЕ за изборит,е за лажни лични карти, гласачи кои гласаат на повеќе избирачки места, закани, уцени и притисоци, особено врз администрацијата, врз примателите на социјална помош, особено за време на изборни процеси.

– Овие материјали ја потврдуваат и целосната контрола на власта врз судството и приватизацијата на институциите, од што страдаат сите граѓани, без разлика на припадноста. Тука веќе не станува збор за партиска поделеност туку за неколку луѓе на една страна, кои за лични цели го узурпирале системот, наспроти сите други – рече заменик-претседателката Шекеринска.

Како што пишува во соопштението на СДСМ, таа го повторила и ставот на партијата за преодна влада што ќе овозможи услови за демократски изборен процес како излезно решение.

Во соопштението на СДСМ стои дека дипломатот од Португалија ја пренел загриженоста на Европската унија за развојот на политичката ситуација во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...