fbpx

Амди Бајрам обвини дека го нападнало обезбедувањето на Заев, СДСМ негира

-

Пратеникот Амди Бајрам попладнево бил нападнат во Градски трговски центар, по што бил пренесен во болница. Бајрам на лекарите им се пожалил дека е удрен во градите и во грбот.

Од МВР велат дека добиле пријава, но дека е рано да излезат со какви било квалификации. Амди Бајрам, пак, изјави дека напаѓачот бил член на обезбедувањето на Зоран Заев.
– Тој самиот ми се претстави дека е од обезбедувањето на Заев и почна да ми се заканува, по што дојде до инцидентот – тврди пратеникот.

Од СДСМ на ова велат дека немало никаков физички контакт меѓу членот на СДСМ и пратеникот Амди Бајрам.

„Во продавница за фармерки, Амди Бајрам и наш член и активист имале вербална расправија. На нервозната реакција на обезбедувањето на Амди Бајрам, што го толкуваме како обид за провокација за физичка пресметка, не било возвратено од страна на членот на СДСМ. Немало никаков физички контакт меѓу нашиот член и Амди Бајрам. Напротив, двајца од обезбедувањето на Амди и тројца од обезбедувањето на ГТЦ се нафрлиле врз него“, пишува во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ, Груевски и Јанкулоска не избираат средства во обидите да го дефокусираат вниманието од криминалите и изборните фалсификати во коишто се фатени.

„Уште еднаш се потврди дека МВР и Амди Бајрам се класични инструменти во рацете на Никола Груевски кога тоа ќе затреба“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...