fbpx

Малолетник во скопско школо вперил пластичен пиштол кон соученици

За натамошно постапување по овој случај се известени јавен обвинител за малолетници и Центарот за социјални работи

-

Малолетно дете-ученик во основно училиште во скопската населба Чаир вчера извадило пластичен пиштол и го насочило кон други соученици, по што тој играчката ја предал на директорката на школото, информираат од МВР.

„На 5.5.2023, околу 12 часот, во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа ѝ го предал нејзе“, потврдуваат од МВР.

За натамошно постапување по овој случај се известени јавен обвинител за малолетници и Центарот за социјални работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...