fbpx

Нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“

-

Три нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“ промовираше денеска Министерството за култура. Тоа се нови три тома од шесттомната публикација „Македонија до 19 век“ и книгите „Цар Самоил“ и „Букурешкиот мировен договор – 1913 година“. Автори се професори, историчари и проучувачи на македонската историја од различни генерации.

Целта на овој проект на Владата е со научно верификувани факти и аргументи да се толкува долгата историја на македонската борба за државност и за самостојност. Врз основа на овие историски текстови се снимени и документарни филмови, кои се прикажуваат на Македонската радиотелевизија.

Премиерот Никола Груевски истакна дека со овие изданија се расветлуваат личности и настани од македонската историја за кои не се знаело или биле маргинално обработувани и дека квалитетно се исполнува празнина во македонската пишувана историја.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.