fbpx

Дизелот поевтинува за два и пол денари по литар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) одлучи малопродажната цена на дизел горивото да се намали за два и пол денари по литар. Со тоа, еден литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ ќе чини 82 денари.

За два денара поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство, кое од вечерва на бензинските станици низ земјава ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар.

Цените на брнзините остануваат исти. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе чини 84 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98  ќе се продава за 86 денари за литар.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,131 отсто, информираа од РКЕВУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...