Студентите што добија стипендија потребно е да потпишат договор со МОН

фото: Мета.мк

Откако вчера ги објави резултатите од конкурсот за доделување студентски стипендии, Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави и договорите кои студентите што оствариле право на стипендија, треба да ги потпишат со министерството.

Договорите се различни за секоја од категориите студентски стипендии и можат да се најдат на интернет-страницата на МОН на овој линк. Потребно е студентите да гo симнат договорот согласно категоријата на стипендијата за која го оствариле правото и да го пополнат во три примероци.

МОН информираше дека ги задолжува сите добитници на стипендија да ги потпишат договорите со министерството и во трите примерока, заедно со копија од трансакциска сметка, да ги достават директно во писарницата на Министерството за образование и наука или да ги испратат по пошта – препорачана пратка со повратница на адресата: улица „Св. Кирил и Методиј“  број 54, 1000 Скопје.

Студентите договорите може да ги достават почнувајќи од утре па сè до 17 февруари.

МОН ги објави резултатите од конкурсот – проверете дали сте добитник на стипендија