fbpx

Бугарија подготвена да испрати полицајци за чествувањето на Гоце Делчев, ако македонското МВР побара

-

Бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР) е подготвено да испрати свои полицајци во Скопје за обезбедување на чествувањето на Гоце Делчев в сабота, ако добие барање за тоа од македонското МВР, рече заменик-главниот секретар на бугарското МВР, Станимир Станев во гостување на бугарската телевизија бТВ.

„Бугарија е подготвена да испрати полицајци во Северна Македонија на 4 февруари, ако има таков предлог. Одговорноста за настанот е на Северна Македонија, но може да направиме соработка“, рече Станев.

Тој појасни дека со македонското МВР разменуваат информации за движење на луѓе, што е неопходно за двете земји за да може да се оствари настанот без проблеми.

„Се надевам дека ќе нема провокации и нарушување на законот. Ги правиме сите напори од страна на бугарските власти да нема провокации“, порача Станев.

Во понеделникот во Скопје допатува бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев за средба со својот македонски колега Оливер Спасовски. Двајцата министри тогаш порачаа дека ќе се преземат сите мерки за да се спречат инциденти.

Минатата година, 150 годишнината од раѓањето на Делчев беше заеднички одбележана од делегации на двете влади, предводени од македонската министерка за култура Бисера Костадинова Стојчевска и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.

За време на церемонијата пред црквата „Свети Спас“ имаше хулигани членови на навивачка група од Скопје, главно тинејџери свиркаа и извикуваа „предавници“.

Ова не е првпат политичарите од двете земји да го чествуваат Гоце Делчев. И во 2017 година и во 2019 година поранешните премиери на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов положија цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас.

(Галерија) Заедничко одбележување на роденденот на Гоце Делчев како чин на добра волја за намалување на тензиите

ИзворбТВ

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите...
Download Premium WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
online free course
download redmi firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy free download