fbpx

Бензините поевтинуваат за два денара по литар, дизелот останува со истата цена

-

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ бензините ќе имаат нови, пониски цени за два денара за литар, додека цените на дизел горивото, екстра-лесното масло за домаќинство и на мазутот не се менуваат.

Потегот се толкува со пад на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, и тоа кај бензините за 3,832%, кај дизелот за 1,817%, кај екстра-лесното масло намалување за 1,668%, а кај мазутот зголемувањето на цената е за 0,140%.

Од првата минута по полноќ, цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 81 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 83,5 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 84,5 денари/литар
Масло за домаќинство екстра-лесно 1 (ЕЛ-1): 81,5 денари/литар
Мазут М-1 НС: 42,171 денари/килограм

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...