Ново бесплатно ажурирање на „Елден Ринг“, се активираат сите Колосеуми

Фото: Принтскрин, Bandai Namco, Youtube

Видео-играта „Елден Ринг“ Elden Ring добива ново бесплатно ажурирање преку кое се активираат сите Колосеуми што и претходно беа сместени во играта но не беа активни. Овојпат ќе бидат активни за дуели, тимски борби и “free for all” мечови. Ова ажурирање беше инспирирано од играчи кои претходно експериментираа со креирање различни модови во Колосеумите.  

Досега во „Елден Ринг“ луѓето можеа да се борат помеѓу себе насекаде и тие борби најчесто не беа фер, имаше таканаречено „ганкање“ што е појава кога посилен играч „кампира“ во една зона и повторно и повторно убива послаби играчи и не им дозволува да прогресираат во таа област. За среќа „Елден Ринг“ е релативно тешка игра, така што играчите лесно можеа да преминат во друга зона и да играат надвор од опасноста на други играчи. Исто така, се случуваше и друг вид на дигитално малтретирање кога двајца или повеќе играчи се здружуваа да ганкаат и играчи што се повисок левел. 

Се претпоставува дека повикувањето на духови ќе биде тотално тргнато од борбите во Колосеумите. Овие и многу други варијанти ја менуваа играта тотално и ја олеснуваа, а страсните играчи на „Елден Ринг“ дури намерно ја играа цела игра на стримови без употреба на духови за да го прикажат своето ниво на вештина.

Затоа и во борбите во Колосеумите употребата на духовите е дискутабилна затоа што преставува нефер предност во PvP. 

Утре (08.12.2022 г.) се одржува настанот The Game Awards 2022 на кој „Елден Ринг“ е номинирана за игра на годината и за уште 6 други категории меѓу кои една е и за „најдобар наратив“. Во меѓувреме денеска (7.12.2022 г.) гејмерите што веќе ја имаат купено оригиналната верзија на „Елден Ринг“ го добиваат ажурирањето со Колосеумите бесплатно.