fbpx

Истражување со фокус групи: Граѓаните сметаат дека политичарите работат само за свои интереси

-

Граѓаните веруваат дека кај политичарите не постои желба за вистинска промена и подготвеност за спроведување најнеопходни реформи. Оваа констатација произлегува од тематското Истражување од осум фокус групи кое го спроведе Институтот за демократија, со цел подобро да се истражи јавната перцепција на квалитетот на живот, довербата во институциите и политичките актери, како и поларизацијата во Северна Македонија.

Според истражувањето, речиси сите учесници биле загрижени за партиската политика и раздорот што го предизвикуваат политичките партии.

Со цел посликовито да се разберат ставовите на граѓаните за политичарите и политичките партии, лицата во фокусгрупите учествувале и во вежба со персонификација, а од нив било побарано да поистоветат политичка партија со некое животно. Вежбата покажала дека учесниците главно ги поистоветуваат сите политички партии со лисица, па користат атрибути како „подмолна“, „итра“, „несигурна“, и „си гледа само за себе“.

Имајќи ја предвид работата на судството, учесниците рекле оти претежно сметаат дека судството е најкорумпиранaтa институција и ја ужива најмалата доверба. Според нив, политичките партии секогаш наоѓаат начин да ја подриваат работата на судството преку корумпирани механизми.

Учесниците се произнеле и за поларизацијата што ја предизвика Францускиот предлог, поради кој биле или Македонци или предавници. За многумина, поларизацијата е последица на „партискиот менталитет“ и е предизвикана од реториката што ја користат политичките партии.

Дел од учесниците, пак, изразиле фрустрација од надворешната политика на земјата и недостатокот на внатрешна посветеност за надминување на проблемите на граѓаните, како и дијалог, консензус и компромис меѓу политичките партии.

Студијата со фокусгрупи била спроведена во септември оваа година во сите осум плански региони, а во нив учествувале 67 учесници. Истражувањето било спроведено во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која е поддржана од Владата на Швајцарија, а се спроведува во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ) и Центарот за управување со промени (ЦУП).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...