fbpx

Сараево и Кијив ќе потпишат договор за пријателство

-

Градоначалниците на Сараево и Кијив, Бенјамина Кариќ и Виталиј Кличко, утре во Брисел ќе потпишат Договор за воспоставување пријателски односи. Кариќ, на покана ка Кличко, ќе присуствува на состанокот „Киевски инвестициски форум” што годинава, наместо во Украина, се одржува во Брисел.

Целта на договорот е развивање на плодна соработка на градовите во широк спектар на економски, културни, туристички, образовни и други области на взаемна корист и просперитет. Кијив и Сараево се залагаат за европските вредности на демократијата, слободата и владеењето на правото и се посветени на човековите права, принципите на меѓународното право и промовирањето на мирниот соживот во Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...