fbpx

Поевтинуваат дизелот и 95-октанскиот бензин за 3 денара, 98-октанскиот бензин за 1,5 денар

-

Според најновата одкука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ горивата ќе поевтинат. Ова е трето последователно поевтинување на горивата за малку повеќе од една седмица, а и најновото поевтинување, кое важи од првата минута во утрешниот ден, е речиси исто по износ колку претходните (Тука и тука).

Односно, од полноќ, дизелот ќе биде поевтин за три денара по литар, и ќе чини 90 денари.

Бензинот ЕУРОСУПЕР 95 ќе поевтини исто така за три денара по литар, и ќе чини 88,5 денари, а ЕУРОСУПЕР 98 поевтинува за 1,5 денар и ќе чини 90,5 денари за литар.

Поевтинување има и кај нафтените деривати за затоплување, па екстра-лесното масло за домаќинство поевтинува за 2,5 денари за литар и ќе чини 85,5 денари, а мазутот ќе поевтини за 1,438 ден/кг и од полноќ ќе се продава за 44,5 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...