Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука за поевтинување на горивата, кое ќе стапи на сила од полноќ.
Цената на дизелот се намалува за 3 денара по литар, цената на бензините за 2 денара по литар, екстралесното масло за домаќинство ќе се продава за 3 денара по литар помалку отколку досега.
Од првата минута по полноќ, нафтените деривати ќе се продаваат по следниве цени:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 91,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 94 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 93 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 88 (денари/литар)
Мазут М-1 НС = 47,622 (денари/килограм)