fbpx

Спасовски: Лажните дојави за бомби се монструозен чин на хибридни закани

-

Министерот Спасовски ги оцени лажните дојави за бомби како „монструозен чин на хибридни закани“ и рече дека многу е важен брзиот и ефикасен одговор на државата со своите партнери. Во интервју за Алсат тој кажа дека се започнати сите истраги и дека се вклучени сите институции кои се грижат за националната безбедност заедно со меѓународните партнери.

„Во неколку правци одат истрагите. Имаме веќе добри сознанија од каде доаѓаат мејловите, на кој начин се испраќаат. Ќе ни треба и меѓународна правна помош за да можеме да ги потврдиме доказите и тоа е клучно кај вакви хибридни напади, да се обезбедат доказите”, рече Спасовски.

Во врска со проведувањето на момчето кое беше осомничено, па ослободено, Спасовски рече дека кога има индиции тие мора да се испитаат, без разлика која е таа личност, на каква позиција се наоѓа, какви политички, верски и други убедувања има.

„Тоа е ирелевантно кога станува збор за истрага и кога се работи за безбедноста”, додаде министерот.

Во врска со справувањето со хибридните закани и сајбер криминалот кој зема замав и на глобално ниво, Спасовски рече дека веќе со години преку донесување на Стратегијата за борба со сајбер криминалот, која е во процес и на усогласување со НАТО стандардите, има силна основа за ефикасна борба со овој вид криминал кој постојано се усовршува со развојот на информациските технологии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...