fbpx

Евидентирани 57 нови ковид случаи

-

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 704 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 12 реинфекции. Регистрирани сe и 90 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, се регистрирани две починати лица од Скопје (85г) и Битола (60г), лицата се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.165.180 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...