Холивудската ѕвезда Том Харди победи во шампионат во бразилско Џиу Џицу

Фото: Wikimedia commons - Tom Hardy by Gage Skidmore

Филмската ѕвезда Том Харди победи на Отвореното првенство „Бразилиан Џиу Џитцу“ кое се одржа изминатиот викенд, пренесе Си-ен-ен.

45-годишниот англиски актер  ги шокираше сите кога се појави на РЕОРГ (REORG) опен џиу џицу минатиот месец и го однесе златниот медал во категоријата.

Харди сега повторно изненади на турнирот во Милтон Кејнс и доминираше над своите противници.

На фотографијата која е објавена на Инстаграм се забележува дека сертификатот за победата на холивудската ѕвезда е напишан според неговото вистинско име „Едвард Харди“.

Харди во јавноста е познат по соработката со режисерот Кристофер Нолан и улогите во филмовите „Враќањето на Темниот витез“, „Почеток“, „Данкирк“, „Лудиот Макс: Патот на бесот и филмот на „Марвел“ и „Веном“.