fbpx

Од ноќеска дизелот поевтинува за 3 денари, еден литар ќе се продава за 92 денари

-

Од ноќеска дизелот поевтинува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно последната одлука, се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38 отсто во однос на одлуката од 16 овој месец.

Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 3 денари за литар, а малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинствосе намалува за 1,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1 денар за килограм, и сега ќе изнесува 50,3 денари.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...