fbpx

ГОБ „8 Септември“: Немавме поплава во Одделот за неврологија, имавме мал дефект на водоводната цевка

-

Најодговорно ги демантираме гласините за „поплава во просториите за интензивна нега“ на Одделот за неврологија, пишува во демантот испратен од раководството на Градската општа болница „8 Септември“, откако беше објавено дека се случила поплава во интензивниот оддел на неврологија.

„Всушност, се работи за саниран мал технички дефект на водоводната цевка. Одделот за неврологија функционира непречено, со давање соодветна здравствена заштита на пациентите. Сигурноста на персоналот и пациентите е наше мото и сите сме целосно
посветени на тоа. ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје е посветен и пружа здравствена заштита на нашите пациенти на највисоко ниво“, велат во болницата.

Медиумите кои објавија за наводната поплава, се повикаа на статус на Фејсбук на д-р Петар Атанасовски, кој напишал дека се поплавил интензивниот оддел на неврологија и заради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал, сите пациенти биле извлечени и преместени на сигурно.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...