Втората аудиоснимка што ја објави Заев, според него, е разговор помеѓу министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска, со уредникот на информативната програма на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас.
Латас ѝ сугерира да не претерува затоа што од премиерот има многу порачки.
Третиот разговор е помеѓу Јанкулоска и портпаролот на МВР, Иво Котески, за некој прилог на МТВ.
– Нема да прави, ако прави ќе лета од работа – вели во разговорот Јанкулоска.