fbpx

Се забранува извоз на брашно, пченица, пелети и огревно дрво

-

Забранет е извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, а укината е царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината, објави министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој информира дека на предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донела одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед.

„Владата донесе одлука да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица, како и огревно дрво и пелети. Исто така на предлог на Министерството за економија, со консултација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените“, напиша Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...