Министерство за здравство: Од четврток до недела портокалова фаза во цела држава

-

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена – од четврток до недела, територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза и во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, велат од Министерството за здравство.

Од таму информираат дека почнувајќи од утре, сите региони во државата ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на топлотен бран почнува да важи на целата територија на Македонија.

Со цел заштита на здравјето на населението, Министерството дава неколку препораки: ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се бремените жени и хронично болни лица; во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот; единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот брат да укажат помош на постари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик врз здравјето на изложените работници, МЗ потсетува работодавците да ја почитуваат обврската според законските прописи од оваа област.

Од Министерството ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се останувањето во затворени (климатизирани) простории во текот на екстремно топлите денови, да се носи светла и лесна облека, а при изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, да се консумираат големи количества течности – најдобро вода за пиење и да се избегнува алкохол, да се проветруваат возилата при влегување во нив, а хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

„Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи“, апелираат од Министерството за здравство.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...