fbpx

Пред Владата во Скопје продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“

-

Пред Владата во Скопје синоќа продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските ЕУ интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ, ниту правило меѓу државите членки.

Пред граѓаните собрани на протестот, зборуваа двајца новинари, Драган Милосављевиќ од телевизијата „Алфа“ и Дарко Јаневски.

Милосављевиќ рече дека Бугарите со Македонците се изживуваат само затоа што за сите векови Македонците не им направиле ништо и биле фер соседи, а сега во име на европските вредности сакаат да нè направат да прифатиме нешто што не сме.

Според Јаневски, граѓаните на протестот се собираат „да кажеме не за ваков предлог кој трагично нè погубува за век и веков. Или ќе нè има или воопшто ќе не нема. Тоа што сакам да го кажам е за една лага која со денови ни ја протнуваат, а тоа е го заштитиле македонскиот јазик, дека бил бетониран“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...