fbpx

Откриени 48 нови случаи на ковид-19 од 1.192 тестови, починале двајца

-

Во последниве 24 часа во земјава се направени 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1, соопшти Министерството за здравство.

Во истиот временски период, регистрирани сe 253 оздравени пациенти и две починати лица од: Струга (64г) и Прилеп (63г) , и двете со коморбидитети и и двете починати во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.955.058 тестирања за ковид-19, а вкупната бројка на откриени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 305.114. Бројот на оздравени пациенти во истиот период е 294.072, на починати е 9.208, а бројот на активни случаи изнесува 1.834.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...