fbpx

Борби во предградијата на Киев, руската војска гранатираше џамија во Мариупол

-

Руската војска гранатираше џамија во пристанишниот град Мариупол во која се наоѓале повеќе од 80 лица, меѓу кои и деца, соопшти денеска украинската влада. Борби се водат и во предградието на главниот град Киев, каде одекнуваа сирени за воздушен напад, објави „Асошејтед прес“. Борбите се водат во повеќе области околу градот, а артилерија го нападна северозападното предградие на Киев. Југозападно од градот, чад се издигаше и во градот Васлкиев по нападот врз складиште за муниција што предизвика стотици помали експлозии.

Украинската амбасада во Турција соопшти дека 86 турски државјани, меѓу кои 34 деца, се меѓу луѓето кои биле засолнати во џамијата на султанот Сулејман Величествениот и неговата сопруга Руслана која беше погодена во гранатирањето. Џамијата со бели ѕидови беше отворена во 2007 година, а изградена е според моделот на џамија во Истанбул, Турција.

Мариупол доживеа една од најголемите катастрофи во руската војна во Украина, бидејќи постојаните блокади ги спречуваат обидите да се внесе храна и вода и да се евакуира цивилното население. Украинската амбасада во Турција соопшти дека група од 86 турски државјани, меѓу кои 34 деца, се меѓу луѓето кои побарале безбедност во џамијата. Засега нема информации за жртви од гранатирањето на џамијата.

Според кабинетот на градоначалникот на Мариупол, бројот на загинати во овој град надмина 1.500, а нападот на породилиштето во градот, во кое загинаа три лица, предизвика меѓународен гнев и обвинувања за воени злосторства. Постојаните напади ги принудиле екипите на градот да престанат со копање масовни гробници, така што „мртвите не се ни погребуваат“, изјавил градоначалникот.

Руските сили досега погодија најмалку дваесетина болници и медицински установи откако ја нападнаа Украина на 24 февруари, според Светската здравствена организација. Украинските власти денеска известија дека тешка артилерија оштетила болница каде се лекуваат болни од рак и неколку станбени згради во Миколаев, град на 489 километри западно од Мариупол. Конфликтот принуди над 2,5 милиони луѓе да ја напуштат земјата, а се верува дека илјадници војници од двете страни се убиени заедно со многу украински цивили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...