fbpx

Арјан Калчо, албански поет инспириран од Охрид

-

Писателот, поет и професор од Корча, Република Албанија, Арјан Калчо, деновиве учествуваше на Меѓународна поетска средба во Охрид, организирана од КИЦ „Култура 365“.

На средбата прочита три свои песни од објавена збирка на албански јазик и речиси низ трите се препознаваше Охрид, со неговите сокаци, старините, пристаништето… Во еден стих од негова песна, директно пее дека „пријателствата се мостови, кои се градат“. За репортерката на „Охрид прес“, Калчо открива дека вообичаено од Охрид, неминовно добива инспирација за да напише песна.

– Охрид е убаво место. Мило ми е што имам можност да го посетам. Во текот на моите средби овде во Охрид, напишав повеќе песни за градот. Соработката на кој било начин со различни автори од различни места е доказ дека уметниците шират љубов, ги сакаат луѓето – вели Калчо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...