fbpx

Јапонија: Фоторепортер остана без пасош затоа што сакал да оди во Сирија

-

Јапонскиот фоторепортер Јуичи Сугимото ја обвини владата дека ја ограничува слободата на медиумите, откако Министерството за надворешни работи му го конфискувало пасошот за да го спречи да патува во Сирија.

Сугимото, кој работи како независен фотограф, вели дека поднел жалба и е подготвен да покрене правна постапка доколку не го добие назад својот пасош.

– Тоа што останав без пасош за мене значи губење на работа – изјави Сугимото.

Јапонското МНР донело одлука да му го одземе пасошот на Сугимото откако дознало дека планира да ги посети бегалските кампови во Сирија.

Сугимото има 20-годишно искуство во воените зони, вклучувајќи ги поранешна Југославија, Авганистан, Ирак и Сирија. Тој планирал да го посети Кобане, сирискиот град близу границата со Турција, од каде курдските сили ги истераа припадниците на Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Честитки за големиот празник Воскресение Христово – Велигден од Пендаровски и Џафери

Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата, напиша претседателот Стево Пендаровски, во својата честитка по...