fbpx

Стотици жители на Новаци бараат обештетување од поплавите

-

Само за еден ден, во Општина Новаци се поднесени 230 пријави за обештетување од поплавите. Од Општината велат дека жителите на повеќе села во битолскиот дел на Мариово, каде Црна Река и каналите направија најмногу штети, веќе пополнуваат изјави за да им се надомести штетата по нивните ниви, имоти, куќи и штали.

– За многу кратко време добивме близу 250 пријави за направени штети. Ѓраѓаните во изјавите наведуваат дека им се поплавени нивите, дворовите, куќите , шталите, подрумите. Сепак, најголем дел од пријавите се од индивидувални земјоделци за обештетување на земјоделските површини – велат од Општина Новаци.

Во општина Новаци водата од поплавените површини се повлекува. Во најголем дел од поплавените куќи беа ставени пумпи за справување со водата која навлегла во подрумите, куќите и во шталите.

Во селата сè уште не е исправна водата за пиење, а се очекува да бидат направени најавените дезинфекција и дезинсекција, кога водата целосно ќе се повелече од површините во самите села.

Засега иселена е само една куќа од селото Новаци. Семејството на Цане Мицковски останува во студенсткиот дом во Битола.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...