fbpx

Грчкиот парламент му изгласа доверба на Ципрас

-

Грчкиот парламент синоќа му изгласа доверба на новиот грчки премиер, Алексис Ципрас, со 162 гласа од вкупно 299 присутни пратеници, соопшти претседателката на собранието, Зои Константопулу.

Ципрас, лидер на радикалната левица СИРИЗА, доби 149 гласови од својата партија и 13 гласа од својот коалициски партнер, десничарската Независни Грци. Останатите гласале против, а еден пратеник бил отсутен.

Гласањето за доверба на владата се одржа во пресрет на вонредниот состанок на министрите за финансии на еврозоната, кој ќе биде посветен на грчките финансиски проблеми. Грчкиот премиер Ципрас најави дека планира да се откаже од мерките за штедење, кои се услов за меѓународната финансиска помош, на што се противат неговите европски партнери предводени од Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...