fbpx

Филипче: Вакцинирајте се, без оглед на тоа дали сте прележале ковид-19 или не

-

Докажано е дека со прележување на ковид-19, не се создава доволна количина на антитела во организмот, па затоа е неопходно граѓаните да се вакцинираат. Ова го кажа министерот за здравство Венко Филипче, во изјава за медиумите. Тој уште еднаш информираше за новите мерки кои беа усвоени на вчерашната владина седница, а нагласи и дека вакцината е единствениот начин до стекнување колективен имунитет.

– Не можеме да живееме затворени со рестрикции, мораме сите процеси да ги нормализираме, а тоа го можеме само со масовна вакинација. Тоа е единствен начин да се стекне колективен имунитет. Со прележување на вирусот не се создава доволна количина на антитела, затоа е потребно граѓаните да се вакцинираат. Без оглед на тоа дали прележале или не, треба да се вакцинираат, посебно сега кога поагресивно се шири делта сојот – рече министерот.

Тој искоментира дека воопшто не е доцна за усвојување мерки и е на став дека сосема навремено биле предложени и усвоени сите мерки.

– Ова го најавуваме долго време, само го чекавме моментот кога ќе ги воведеме. Има раст на бројот на случаи, затоа е ова добар период. Ние не можеме да предвидиме дали овој раст ќе продолжи. Се надеваме дека ќе запре, зашто сепак имаме одредена бројка на вакцинирано население. Во однос на рестрикциите, забранети се прослави и свадби, а со протоколи, може да се организираат состаноци и конференции и работилници. За влез во такви објекти во затворено, ќе биде неопходно да се даде сертификат за примена вакцина. Инспекторатите ќе контролираат дали се почитуваат протоколите – рече министерот.

Во однос на тоа како ќе започне учебната година засега нема конкретна одлука, но Филипче кажа дека засега опфатот за вакцинација на наставници е 60 отсто.

– Имаме координација со МОН редовно, оттаму често ги комуницираат директорите на училиштата. Ќе видиме каков ќе биде одговорот до крајот на оваа недела. Висок е процентот на вработени и во образованието и во градинките, по 60 отсто од вработените се вакцинирани – информираше министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...