fbpx

Заев: Ќе се садат нови дрвја во опожарените шуми, а граѓаните ќе бидат обесштетени

-

Премиерот Зоран Заев како и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, денеска беа во посета на беровискиот регион каде што во моментов е најголемиот пожар во државата. Заев во изјава за медиумите кажа дека граѓаните кои претрпеле штети, ќе бидат обесштетени, како и дека веќе се прави план за садење нови дрвја во опожарените места.

– Уште во шест часот утрово тргнавме на терен, во моментов сме на место каде што е најголемиот пожар во моментов во државата. Утрово поминавме од кај Митрашинци каде што се прават обиди за да не се симне пожарот кон селото. Веќе таму дејствуваат нашите армиски хеликоптери. Најважното дејствување во моментов е од нашите херои – шумарите, полицијата, армијата, пожарникарите, како и братската помош која ја имаме од другите држави. Се заблагодарувам на помошта на Србија, на Бугарија, со нивните пожарникари заеднички се бориме против огнените стихии. Важно е дека се заштитени сите жители, имоти, штали. Голема загуба се изгорените шуми, но верувам дека во брзо време ќе ги возобновиме. Сепак 50-60 отсто може да се возобнови. Тоа се белите дробови на сите наши граѓани. Јас верувам дека ваквата солидарност, системското функционирање, го дадоа резултатот за да можеме да кажеме дека се локализираат пожарите на беровско-пехчевскиот регион – рече Заев.

Тој најави дека државата ќе излезе во пресрет да ги надомести штетите кои ги претрпеа граѓаните како последица на пожарите.

– Сега се прават проценки на терен, за да се обесштетат граѓаните. Да не се грижат, ќе го надоместиме тоа што е загубено. Ќе има и нови сеидби, се знае во кој предел какво дрво вирее, па се плави план за голема сеидба на дрвја оваа есен – рече Заев.

Во однос на новите мерки кои беа усвоени на синоќешната владина седница, Заев кажа дека важно е да се има успешен попис, како и тоа, децата да почнат да одат на училиште.

– Затоа се овие мерки, кои очекувам сите да ги почитуваат. Ограничување на движењето засега нема. Не може да оди на театар, на концерт, во кафуле, некој што нема примено вакцина. Државата е должна да го заштити колективното здравје – рече премиерот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...