Вистиномер: Направена е реконструкција на источниот влез во Скопје

Фото: skopje.gov.mk

Ветување: Проширување на „Александар Македонски“

[Извор:  Изборна програма на Петре Шилегов– „Живот во Скопје за сите!“ стр.19 – датум, октомври 2017 г. ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за проширување на булеварот „Александар Македонски“, дадено во предизборието за локалните избори во 2017 година, е исполнето, пишува Вистиномер.мк.

Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма „Живот во Скопје за сите!“ (стр.19),  во поглавјето „Инфраструктура“ меѓу предлозите за нови сообраќајни решенија.

Реконструкција на оваа сообраќајница, од раскрсницата во Автокоманда до излезот на градот, скопскиот градоначалник навести  на прес-конференција во април минатата година (2020), најавувајќи обнова на градските сообраќајници.

Проширувањето на булеварот „Александар Македонски“ започна минатиот септември, кога стартуваа градежни активности на потегот од крстосницата со улицата „16-та Македонска бригада“ до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот.

Фото: skopje.gov.mk

Градежните работи  на споменатиот булевар во Општина  Гази Баба финишираа лани во октомври, кога беше целосно реконструирана делницата долга 5,3 километри на источниот влез во Скопје.

Фото: skopje.gov.mk

Информација и фотографии за завршување на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени во повеќе медиуми , а може да се видат и на  официјалната веб-страница на Град Скопје, пишува „Вистиномер“.