fbpx

Во Бугарија денеска се одржуваат парламентарни избори

-

Парламентарни избори се одржуваат денеска во Бугарија, откако на изборите во април ниту една политичка партија не успеа да договори коалиција и да формира влада.

На 4 април, бугарскиот претседател Румен Радев со декрет назначи привремена Влада, за чиј што технички премиер беше назначен Стефан Јанев. Радев, исто така тогаш, ги закажа денешните избори.

Техничкиот премиер Јанев денеска истакна дека се надева дека по денешните избори, ќе се формира кабинет, бидејќи се во државата зависи од предвидлив и стабилен кабинет.

Jанев, кој е на чело на техничката влада, порача дека денеска треба да се покаже одговорност за изградба на политичка власт и изрази очекување дека по денешното гласање некој ќе успее да формира влада.

„Од нас зависи иднината на земјата, нејзините социјални, образовни, економски политики, ги повикувам сите масовно да гласаат,“ изјави Јанев.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека очекува функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Северна Македонија на нашиот пат кон Европската унија.

„Сакам да им посакам среќа и успех на Бугарите и на бугарската држава на изборите, затоа што важно е секоја држава, така и нашиот источен сосед да има стабилен парламент и да има стабилна политичка влада,“ изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...