fbpx

Низ болниците во земјава се лекуваат 701 пациент од ковид-19, има околу 1.000 слободни кревети

-

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни на корона вирусот или под сомнеж за заразеност со него кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1.000 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваале вкупно 412 пациенти позитивни на корона вирусот или под сомнеж за заразеност со него. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 51 болен, а во Куманово 58 пациенти. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 45 пациенти, во Прилеп 32, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 14, во Кичево 8, Кавадарци 23, а во Гевгелија 5 лица.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни или потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 примени пациенти и 11 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Бројот на приеми на пациенти во ковид центрите во Скопје во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 400 слободни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелската армија го окупира граничниот премин Рафах

Израелските сили соопштија дека ја презеле контролата врз преминот Рафах од страната на Газа. Израелски воен претставник потврдил дека Израел воспоставил оперативна контрола на палестинската страна на преминот Рафах,...